Велики петок е најтажниот ден за христијаните, најстрашниот во неделата пред Велигден. Денеска го одбележуваме камшикувањето, ругањето, распнувањето и смртта на Спасителот.
Денеска започнува празнувањето на најголемиот христијански празник Воскресение Христово со света Василиева литургија.
„ Во литургијата не треба да учествуваме само како набљудувачи туку како реални учесници, со претходна подготовка преку пост, молитва и читање на светото писмо, бидејќи литургијата е се она што Христос го направи за нас, вклучувајќи ги страдањата и смртта, погребението и воскресението“, вели во Утрински брифинг, Отец Горан од Соборниот хран „Св. Климент Охридски“.
„ Слава на Бога, оваа година нема да има ограничувања во однос на посетата на храмовите, така што веќе започнуваат празнувањата.
Во петок наутро ќе се изнесува плаштеницата, односно погребението Христово, вечерта на Велики Петок е оплакувањето Христово. На Велика Сабота сите треба да се задлабочиме во молитвата и покајанието, да учествуваме на воскресната литургија и радосно да го објавиме Христовото Воскресение“, вели Отец Горан.
Тој вели дека обичаите се испреплетени во верата и затоа имаат смисла во празнувањето на Велигден.







