Британската влада размислува да ја искористи армијата за да помогне во одржувањето на јавните услуги доколку клучните индустрии, вклучително и државната Национална здравствена служба, се решат за штрајк. Ова го изјави претседателот на владејачката Конзервативна партија, Надим Захави, цитиран од Ројтерс.



Велика Британија веќе е соочена со штрајкови во голем број сектори, но сега се соочува со штрајкови на илјадници здравствени работници во Англија и Велс кои планираат да излезат подоцна овој месец поради платите и условите за работа.

Захави рече дека војската, на пример, може да се користи за возење амбулантни возила.

Премиерот Риши Сунак, кој е на власт нешто повеќе од еден месец, се соочува со мноштво проблеми, вклучително и она што би можело да биде продолжена рецесија во пресрет на изборите.