Британскиот премиер Риши Сунак се согласи веднаш да испрати четири тенкови „Челинџ 2“ во Украина, а дополнителни осум ќе пристигнат подоцна, пишува „Сан“.
Повикувајќи се на извор од Даунинг стрит, таблоидот наведува дека Сунак денеска ќе го информира украинскиот претседател Володимир Зеленски за пратката.
Доколку овие најави се остварат, Обединетото Кралство ќе стане првата западна сила што ќе испрати борбени тенкови во Украина.
Ова е значаен чекор напред, особено поради стравот дека Русите би можеле да го сметаат за ескалација на војната.






