Велика Британија испраќа хеликоптери во Украина, изјави министерот за одбрана Бен Валас за првиот авион со екипаж што Велика Британија ќе го испрати во Киев од почетокот на војната во февруари оваа година, објави во денеска Би-Би-Си.
Три хеликоптери Sea Kings кои припаѓаат на британската армија се наменети за Украина, а првиот веќе пристигна, јави Би-Би-Си.
Во текот на изминатите шест недели, украинските пилоти беа обучени во Обединетото кралство да летаат со авиони за пребарување и спасување.
Министерот Валас рече дека Велика Британија ќе испрати и дополнителни 10.000 парчиња артилериска муниција.
Валас ја даде оваа изјава во Осло, каде што разговараше со сојузниците за продолжување на воената помош за Киев.
Хеликоптерите Sea King претходно ги користеа и Кралските воздухопловни сили и Кралската морнарица, а последниот авион од овој тип беше повлечен од употреба во морнарицата во 2018 година.
Малку се државите кои ја снабдувале Украина со авиони со екипаж од почетокот на војната, а нема одговор на барањето на владата во Киев до сојузниците да им испратат борбени авиони.






