Велика Британија ѝ испрати на Украина гранати со осиромашен ураниум

Обединетото Кралство испрати илјадници гранати за тенковите „Челинџер 2“ во Украина, вклучително и некои со осиромашен ураниум, но не ја следи нивната употреба и нема обврски по прашањето за отстранување на последиците од нивната употреба по крајот на конфликтот, се вели во писмениот одговор на заменикот-министер за одбрана Џејмс Хипи на прашањето на пратеникот Кени Мекаскил од шкотската партија Алба.



„Испративме илјадници комплети за гранати за ‘Челинџер 2’ во Украина, вклучително и муниција со осиромашен ураниум. Заради оперативна безбедност, нема да ги коментираме стапките на искористеност на испорачаните комплети“, вели Хипи.