Нашата вера во Воскреснатиот Господ може да ги победи сите стравови, вознемирености, неволји и грижи со кои се соочуваме. Христос го победи гревот и смртта. Гробот не можеше да Го задржи. Така Христос ќе го победи сѐ она што претставува грев, закана и го загрозува човештвото, кое што Тој го љуби и таа љубов ја посведочи со својата смрт и воскресение, правејќи нѐ соучесници на неговото воскресение. Тој е Алфа и Омега, Почеток и Крај. Тој го победи светот!
Ова се вели во честитката од Н.В.П. монс. Киро Стојанов,Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх до христијанските верници кои утре според Грегоријанскиот календар го слават Велигден.
„Оваа порака за Исусовото воскресение ја слушаме во Црквата секоја година за време на Велигден. Нека и оваа година нѐ оттргне од нашето секојдневие, за да се обратиме кон Воскреснатиот Христос. Ќе успееме ли да ја исповедаме нашата вера: „Равуни – Учителе!“
При средбата со него, да го послушаме и да му се обратиме, а потоа да посведочиме со нашиот живот: „Го видов Господа!“ Честит празник Воскресение Христово – Христос воскресе“!






