Вчера, во главниот фрад бна Бугарија, пшо повод Велигден беа организирани два хуманитарни настани: „Велигден за сиромашните“ е наречена иницијативата на движењето „Системот нè убива“, а другиот настан го организираше сопственикот на ресторанот Мартин Мартинов под наслов „Подај рака – храна за луѓе без дом“ , објави Сега.бг



Десетици постари луѓе пред зградата на Народното собрание (парламент) трпеливо чекаа „на опашка“ за да добијат по порција јагнешко, велигденски леб „козунак“ и по едно велигденско јајце.

Некои имаат премали пензии, други се без деца, а трети живеат на улица.