Величковски: Продолжете со славење – под притисок е Скопје а не Софија

Екс лидерот на Либералната партија Ивон Величковски смета дека е погрешна перцепцијата за притисок од западните сојузници кон Софија.



Според него дипломатските околности укажуваат на поинаков правец на притисокот. Писмото на Рикер до македонската влада за Величковски е знам дека под притисок е Заев а не Борисов.

“Бидејќи писма се испраќаат до Заев, а не до Борисов, притисокот е врз Скопје, а не врз Софија.
Road Map-от (Патоказот) ќе значи одење во чекори по позициите на Бугарија, декларирани во Резолуција и Меморандум, а не на македонските позиции кои се партиски, но не и институционални.
Продолжете со славење (29 Ноември)”, напиша Величковски по информациите дека Софија е под притисок на ЕУ, САД и Германија.