„Првиот човек на Движењето за Нова Република Ивон Величковски во емисијата ‘Интервју во Шења’, запрашан да ја коментира изјавата на премиерот на * Македонија Ковачевски за случувањата на Косово, рече дека ниедна македонска државна институција не го осудила терористичкиот акт. Тој стравува дека “намерата била терористичкиот чин да се пренесе и во Македонија.“ – објави телевизијата на албански јазик Шења.
ТВ Шења ги пренесува покарактеристичните ставови на Величковски: „Ако не беше терористички чин, зошто беше уапсен Радојчиќ? Дали ние го признаваме Косово како држава? Да. А какво беше реагирањето на премиерот Ковачевски? Не знам кои се позицијата негова и на Владата, но го повторувам она што сме го рекле како Движење за нова република: осудата е јасна, тоа беше закана за мирот на Косово, но тоа е и натаму активна закана и за стабилноста на целиот регион. Треба да бидеме внимателни и ние во Македонија и во регионот.“





