Последниот претседател на Либералната партија која се распадна под негово водство индиректно ги обвини премиерот Ковачевски, вицепремиерот Груби и други владини функционери дека под влијание на српските тајни служби не дозволуваат Македонија да даде помош на Словенија која се соочува со сериозна елементарна непогода.
Ивон Величковски со користење на презимето “Живаљевиќи” индицира дека владата чека дозвола од тајните служби на Србија за да даде помош на Словенија.
Горан Живаљевиќ е поранешен службеник во амбасадата на Србија во Скопје и агент на српската тајна служба БИА кој беше во Македонија до пред неколку години.
,,Словенците лани гасеа пожари во Малешевијата.
Дали Македонија понуди помош за поплавите во Словенија деновиве? Пративме ли барем еден спасувач?
Не.
Се чека на одобрение од “Живаљевиќи”?!”, пишува Ивон Величковски кој веќе неколку години се претставува како иницијатор на движење но се уште не може да регистрира политичка партија на основа на движењето ,,Нова Република”.
Според македонските закони кога не е вонредна состојба одлука за државна помош на Словенија може да донесат премиерот на владата и вицепремиерите.
Величковски кој важи за близок на луѓе од странскиот дипломатски кор во Скопје не открива зошто ги поврзува Ковачевски, Груби и владата со српските тајни служби.






