Величковски е најстариот студент кандидат за советник на локалните избори (ФОТО)

На листата кандидати за советници во Советот на Општина Куманово, под реден број 29 e Зоран Величковски, пишува кумановската општинска организација на СДСМ.



Зоран Величковски е роден 1986 година во Скопје.Основно и средно образование завршил во Куманово, а во моментот е студент на Економски Факултет на УТМС, стои во објавата според која ако кандидатот за советник завршил навреме средно училиште тој цели 18 години не може да дојде до диплома

Величковски е член на СДСМ од 2020 година и учествувал во многу партиски активности, вели постот на СДСМ.