Екс лидерот на Либералната партија и иницијаторот на движењето “Нова Република” Ивон Величковски бара власта да каже дали некој во ЕУ има разбирање за позициите на владата во спорот со Бугарија.
Величковски реагира на изјавата на португалскиот амбасадор во ЕУ кој изјавил дека Бугарија не треба да се напаѓа за ветото кон Македонија и дека до јули ќе нема предлози за проширување.
“Ова е ставот на земја-претседавач со ЕУ во следните 6 месеци. По кабинетот на Груби, се молат медиумите во Скопје и дописниците од Брисел да го проанализираат ова. А Заев и Димитров да одговорат дали за владините позиции воопшто има разбирање вон Илинденска”, пишува Величковски.
“И што уште кријат од македонската јавност, којашто ја убедуваа дека преговорите ни ги сопира само Бугарија.
По игнорот на финтата со Георгиевски/Бучковски и со овој став на Лисабон станува јасно дека без институционално решавање (Собрание) и примена на договорот – нема исчекор набрзо”, заклучува Величковски.
Ова е ставот на земја-претседавач со ЕУ во следните 6 месеци. По кабинетот на Груби, се молат медиумите во Ск и дописниците од Брисел да го проанализираат ова. А Заев и Димитров да одговорат дали за владините позиции воопшто има разбирање вон Илинденска. pic.twitter.com/zsUKETNBqI
— Ивон Величковски (@IVelichkovski) January 6, 2021
Бугарија доби поддршка од претседавачот со ЕУ за ветото кон Македонија





