Фриленсерката Александра Дуковска негира дека вчера го нападнала претседателот на Независниот полициски синдикат, Гоце Делчев.



Таа во својот допис демантира дека физички го нападнала Делчев и бара извинување за изнесените невистини упатени на нејзина адреса.

„…Од видеото се гледа дека човекот кој уредно беше снимен, пренесен со став, ме удира. Од Вас како иницијатива медиумска, а дали сте или не, тоа други нека Ве оценуваат, очекувам јавно извинување за нанесување и изнесување на клевети“, пишува Дуковска во реакцијата, жалејќи се дека не била побарана за да се чуе и нејзината верзија, објави 360 степени.

Дуковска тврди дека веќе подолго време е цел на физички и вербални напади. Вели дека ги алармирала обвинителството и полицијата, но на нејзините укажување ниту една од институциите не реагирала.

ЗНМ бара институциите да најдат решение за жената што го нападна Делчев (ВИДЕО)

Дуковска потврдува дека не е член на Здружението на новинари на Македонија, со објаснување дека не може да биде член на оваа организација поради името.

Токму името Република Македонија беше причина Дуковска која не работи за ниедна медиумска куќа, минатата недела да влезе во вербален конфликт со министерот за економија Крешник Бектеши по нејзината забелешка дека тој не го користи уставното името на државата.