Велешанец почина од Ковид-19 на пат кон болница, 33 нови заболени

На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина од коронавирус пациент од Велес на 70-годишна возраст, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.



Последната жртва на Ковид-19 во Македонија од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.

Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови позитивни, и тоа 11 во Скопје, девет во Велес, пет во Прилеп, по два во Куманово, Тетово и Битола и по еден во Штип и во Крива Паланка.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата е 1572, бројката на оздравени пациенти е 1.079, на починати 89, а во моментов бројот на активни случаи се 404.

Досега се направени 18.168 тестирања.