67-годишниот Д.Н. е човекот што изгоре во пожарот што денеска рано наутро избувна во куќата во која живеел во Велес.
МВР соопшти дека увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По насоки на јавениот обвинител телото е предадено за обдукција.
Во пожарот кој избувна утрово околу пет часот се запалила куќа на улицата „Васа Кошулчева“.
При интервенцијата од пожарникарите било пронајдено изгореното тело, а собата била целосно пеплосана. Смртта на човекот била потврдена од доктори на Брза помош.







