Свештеник на возраст од 58 години почина утрово во велешката болница, дознава Плусинфо.
Тој бил хоспитализиран пред 4 дена на Инфективното одделение и цело време бил на кислородна поддршка.
Изутринава поради акутно влошување на состојбата со кардиореспираторно попуштање починал.
Со починатиот, инаку втор случај на починат од Ковид-19, бројот на починати во Велес и велешко достигна 24.





