Вербален инцидент во Владата: Избрани “Најнапорни новинари”

Долгогодишниот новинар и уредник во АлсатМ телевизијата Горан Теменугов денеска објави дека двајца негови помлади колеги, Андреа Чобанова и Иле Петревски добиле квалификација од непозната вработена во Пи-Ар службата на Владата, дека се најнапорните новинари.



Теменугов не знае дали оваа квалификација е лична на вработената или на целиот сектор за комуникација со јавноста на Владата, но тој смета дека некој на непознатата колешка од другата страна на барикадите во борбата за информирање на јавноста да и го каже следново:

1. Поставување на прашања е работа на новинарите.
2. Одговарањето, навремено, потполно и исцрпно е работа на ПР службите.
3. Одговарањето на непријатни и многубројни прашања е должност и обврска на ПР секторот.
4. ПР секторите постојат поради новинарите, а не новинарите поради ПР секторите. Ние новинарите постоиме поради граѓаните и затоа имаме општествено одговорна улога, меѓу што е и поставување на непријатни и неразјаснети прашања.
5. Сите што се во државна и во јавна администрација, земаат плата од нас, граѓаните. Така е и со вработените во ПР секторот, кои имаат обврска да дадат одговри, за да може ние, новинарите да ги информираме граѓаните.
6. Затоа сите во ПР службите треба да си ја завршат својата работа, а не да ги квалификуваат новинарите.
7. Ако не сакаат или не можат да одговорат на задолженијата, нека отстапат место на некои кои би работеле согласно пропишаните работни задачи и обврски.
8. Заложба на оваа Влада е транспарентноста. Дали сите во ПР тимот се информирани за ова.
9. ПР не е само да се прати соопштение и да се мисли дека работата е завршена. ПР е многу повеќе.
10. Обврска на Владата е да биде отворена, транспарентна и нејзините членови и вработени да бидат тоа.

Поради погоре наведените причини Теменугов ги замолува премиерот Заев, неговиот советник за комуникации Марјан Забрчанец, вицепремиерот Фатмир Битиќи Marjan и останатите во Владата да ги информираат вработените кои им се задолженијата, кои се целите на оваа Влада и да ги замолат колегите да се воздржат од квалификации на новинарите.

Три часа по објавата на Теменугов нема информација која е вработената во владата ниту има јавно извинување од неа или од владата.