Вечерва во 22 часот и 48 минути календарски започнува зимата во земјава и северната хемисфера.



Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути.

355-иот ден во годинава, ќе трае 9 часа и 7 минути. До крајот на годината остануваат уште 10 дена.

Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 36 минути, до 20 март 2023 година, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

Метеоролозите за првиот зимски ден најавија сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.