Вечерва најзагадени Куманово, Тетово и Ѓорче Петров

Куманово, Тетово, Ѓорче Петров, вечерва се високо загадени, покажуваат податоците од апликацијата Мој воздух. 



74 пм честитки  на 100 микрограми има во Куманово, а во Тетово и Ѓорче Петров е нешто над 50, пренесува порталот фактор.мк. 

За нијанса помало аерозагадување вечерва е регистрирано во Гостивар за разлика од Тетово. 

Другите скопски населби вечерва се ниско загадени. 

Во Велес, Кочани, Битола, Струмица, Кавадарци и Кичево, воздухот е ниско загаден. 

Таму има помалку од 40 пм честитки на 100 микрограми.