Уште една жестока политичка дебата се очекува во грчкиот парламент денеска пред ратификацијата на Протокол за пристапување на Македонија во НАТО, под новото име.



Политичките тензии се зголеменеи по одлуката на шест пратеници – четворица независни и двајца пратеници на Независни Грци (АНЕЛ) – неформално да се „приклучат“ на СИРИЗА со што владејачката партија на Алексис Ципрас обезбедува мнозинство од 151 пратеник за успешно гласање.

Протоколот беше одобрен синоќа по вжештената дебата во надлежната Комисија за надворешна политика и одбрана: Лидерот на АНЕЛ, Панос Каменос, кој минатиот месец излезе од владата, рече дека ќе инсистира на зголемено мнозинство од 180 гласови за гласањетово парламентот кој има 300 пратеници, но предлогот не беше прифатен.

Опозициската Неа демократија се изјасни дека ќе гласа против.