„Во размената на огнот меѓу полицијата на Курти и Србите од северот на Косово беа убиени и тројца Срби: И.М., С.Н. и Б.М. ‘Српска листа’ истакна дека ќе бара истрага за убиството барем на двајца Срби, кои се убиени ладнокрвно, иако се предале.“ – објави весникот „Вечерни новости“ од Белград.
„Вечерни новости“ пишува: И.М (50) бил татко на две деца и работел како возач на санитет во Клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица. Вториот убиен е С.Н. (31) од Звечане. Како што наведуваат месните медиуми и жители, тој бил чесен и добар човек. Бил ранет, но им подлегнал на повредите, здобиени од куршумите на полицајците на Курти во нападот во Бањска. Б.М., кој исто така настрада, пред неколку месеци стана татко. Тој им подлегна на здобиените повреди. Србинот, кој учествувал во инцидентот во неделата, на 24 септември кај Бањска и кој е ранет во судирот со косовската полиција, е опериран во Приштина и се наоѓа во стабилна состојба. Ова е потврдено од Универзитетскиот клинички центар на Косово.
„Српска листа“ истакна дека ќе бара истрага за убиството барем на двајца Срби, кои се убиени ладнокрвно, иако се предале. „Ја прашуваме меѓународната заедница зошто Еулекс не учествуваше во операцијата, туку само полицијата на Курти. Треба најитно КФОР и Еулекс да се распоредат на северот на Косово и да спречат натамошна ескалација на состојбата и политиучка злоупотреба на овој трагичен настан.“ – се наведува во соопштението на „Српска листа“.




