Непознати лица во петокот скршиле 62 надгробни спомен-плочи на гробиштата „Камник“ во скопската општина „Гази Баба“.
Како што информираат од АД „Бутел“, спомениците се комплетно скршени.
„Сторителите оделе од гроб на гроб и со тврд предмет, најверојатно со чекан, ги кршеле вертикалните спомен-плочи и при паѓањето на парчињата се оштетени и хоризонталните плочи долу. Дел од мермерните парчиња помалку оштетиле и други“, објаснуваат за весникот „Вечер“ од АД „Бутел“ кое стопанисува со гробиштата.
Толку спомен-плочи не може да ги искршил само еден, сигурно тоа го сториле најмалку двајца, а можеби биле и повеќемина велат од АД „Бутел“ за „Вечер“.





