Портпаролот на Владатавчера откри дека дел од граѓаните на кои им следува државната помош од 6.000 денари живеат во странство.
Според Душко Арсовски заклучно со петокот, за најголем дел од случаите проблемот е решен, но има и такви за кои не може да се има решение, на пример луѓе кои добиле ваква помош, бидејќи живеат во странство, па невозможно е да ги ажурираат своите податоци.
„Многу мал дел од најчесто вакви случи не се затворени, затоа апелираме до банките ако има некој надвор од овие случаи, да има поголема толеранција за тоа да биде завршено до Нова година“, рече Арсовски и нагласи дека тие се дел од малкуте граѓани кои не успеале да си ги подигнат парите од банките поради неажурирани податоци, пренесе Вечер.






