Се подготвува нов текст за добрососедство со Бугарија, кој во вид на анекс, рамка, патоказ или нешто друго ќе биде дополнение на Договорот за добрососедство со Бугарија, дознава ексклузивно „Вечер“ од извори од МНР.
Овој нов текст, треба да го потпишат новиот премиер Димитар Ковачевски и новиот бугарски премиер Кирил Петков.
Анексот (или другото) на договорот, според нашите информации, договорен и детализиран е на почетокот на годинава, поточно на 2 јануари, кога во земјава, ненајавено и без медиумско присуство, помина посетата на Советничката за надворешна политика на бугарскиот премиер Кирил Петков, Весела Чернева..






