Најдолгото затемнување на Месечината кое може да се види само еднаш во животот, ќе се случува вечерва.
Големиот небески спектакл, познат и како „крвава месечина“ кој ќе биде најдолг во овој век, ќе започне во 21:30 часот и ќе трае до 20 минути по полноќ.
Месечината ќе ја смени својата вообичаена сребрено-сива боја со спектакуларна светло-црвена светлина која ќе го осветлува ноќното небо.
Затемнувањето на Месечината или лунарна еклипса, се случува кога земјиниот природен сателит ќе влезе ќе влезе во сенка на Земјата.
Вечерва, и во текот на следните денови, планетата Марс ќе биде најблиску до Земјата од 2003 година и ќе биде видлива како „светло-црвена ѕвезда“, доколку временските услови го дозволат тоа, што ќе ја зголеми спектакуларноста на небескиот феномен.





