Актуелната генерална секретарка во Собранието Цветанка Иванова, е предложена за избор од Собранието за уставен судија со 9 годишен мандат, дозназва од собраниски извори Вечер.мк.
Цветанка Иванова, пратеник на СДСМ и државен службеник –раководител на одделние за човечки ресурси во општина Струмица, е без еден ден поминат стаж како судија, јавен обвинител, со ниту еден напишан стручен труд на било која тема од правната област.
„Се уште нема конечна информација околу номинациите, ниту некој ме комуницирал, ниту ми кажал. Навистина не знам дали сум и дали ќе бидам номинирана. Што се однесува до квалификациите, 40 години сум правник, сум работела на различни позиции“, вели Цветанова за Вечер.мк.







