Лидерот на европски конзервативци и фаворит за претседател на Европската комисја, Манфред Вебер, изјави дека сака ЕУ да се потпираат на христијанските вредности и дека Турција треба да остане надвор од Унијата.
„Горди сме што овој континент има христијанско влијание, и тоа не е само нешто за музеј, тоаа треба да ни се ориентирани кон иднината“, рече Вебер на собир на почетокот на кампањата за европските избори, на централно-десничарската партија на власт во Германија, ЦДУ на Ангела Меркел и на баварската ЦСУ.
Вебер е кандидат на Европската народна партија за иден претседател на Европската комисија.
Тој смета дека треба да ги натераат Европејците да бидат искрени во нивните разговори со Анкара, односно дека „Турција не треба да биде членка на ЕУ“, што беше поздравено со аплауз од неговите поддржувачи.
„Сакаме партнерство, пријателство, но треба да ги прекинеме преговорите за пристап со Турција“, рече Вебер.
Вевер планира да ги „земе“ гласовите од националистичките партии во Европа, кои според анкетите ќе направат пробив на изборите за Европскиот парламент на 26-ти мај.





