Бројот на заразени од коронавирусот 202 земји надмина 536.000 случаи, а повеќе од 60.000 нови случаи се потврдени во последните 24 часа.
Дури 2.500 нови смртни случаи во 59 држави го зголеми бројот на починати на 24.000, јавува „Ројтерс“.
Поради ова, четврток е досега најсмртоносен ден откако избувна пандемијата на коронавирус, а во црната статистика „водат“ Шпанија и Италија со по повеќе од 700 смртни случаи.
Околу една третина од новите случаи се во САД – 17,000 заразени во последните 24 часа и 281 мртви.
Кина, која објави дека ги затвора границите за странските државјани од саботата, регистрирала пет смртни случаи и 55 инфекции, меѓутоа станува збор за увезени случаи…. со исклучок на два.




