Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при билесанкционирани се 953 возачи.
Од нив 77 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 17 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 465 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 488 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.







