Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден на територијата на државата се казнети 206 возачи за брзо возење.
Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место, велат од МВР.







