Вчера казнети 110 возачи за брзо возење

Само во текот на вчерашниот ден во Скопје се изречени вкупно 401 казна, од кои 110 за пречекорување на дозволената брзина, а 120 за непрописно паркирање.



Казнети се и 24 лица за возење без возачка дозвола, 19 лица управувале технички неисправни и нерегистрирани возила, санкционирани се 21 мотоциклист, 82 возила се подигнати со специјално возило„пајак“, а изречени се 69 казни за неносење на заштитна маска.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.