Новиот мост на реката Брегалница, кој треба да го растовари сообраќајот на булеварот „Гоце Делчев” и на Камениот мост во Штип ќе биде денеска свечено пуштен во употреба.



На свеченоста најавено е обраќања премиерот, Оливер Спасовски, вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

„…овој мост и украс на градот ќе го носи името мост „Иднина“ како конкретен израз на соработката помеѓу сите ентитети вклучени во локалното управување, но и на нашата одлучност да го отвориме регионот за нов развој и просперитет денеска и во иднината.

Понеделник 2 март 2020 година во 13 часот после 65 години го пуштаме во употреба новиот, челичен мост на Брегалница прв од ваков тип во државата“, напиша градоначалникот на Твитер.

Челичниот мост на реката Брегалница е тежок 240 тони,  долг е 60,  широк е десет метри, од едната страна  има и тротоарна површина, по која ќе се движат пешаците.

Проектот за новиот мост го започна претходната локална власт која ги асфалтираше пристапните патишта. Новата локална власт ја продолжи реализацијата на оваа инвестиција која изнесува 58 милиони денари. Изведувач на работите беше штипската компанија Актива.