Дали важи законот за локални партиски шефови сопственици на кафиќи треба да одговорат инспекциските служби во Делчево каде во кафуле сопственост на локалниот партиски шеф на СДСМ попладнево во подолг период биле собрани поголем број млади луѓе.
Според владината одлука од минатата недела не смее да работат кафулињата освен ако не работат на шалтерски систем за продажба на храна.
Во случајот со кафулето на локалниот лидер на СДСМ во Делчево, според снимките, не станува збор за шалтерски систем туку за подолго присуство на поголема група млади луѓе во него.
Од фотографиите и видеата што ни ги испратија повеќе граѓани на Делчево, меѓу нив и гневни членови на СДСМ се гледа дека инспекциите под контрола на истата владеачка партија не си ја вршат својата работа.






