Утре истекува рокот за искористување на ваушерите за туриза, кои требаше да се искористат во периодот 15 јули 15 декември. Во изминатите недели на социјалните медиуми, ваучерите се нудеа на продажба по преполовен цена – ваучерот од 6000 денари, се нуди по цена од 3.000 до 4.000 денари, или пак истиот се употребува за плаќање на сметка од богата софра во ресторан.
Граѓаните преку социјалните мрежи, се информираат, споделуваат искуства и добиваат и даваат насоки каде и како во кој хотели и ресторани можат да се искористат.
Уредбата за користење на ваучери се злоупотребува и на тој начин што во туѓо име, неместо корисникот, ваучерот го користи друго лице, дознава ТВ Алфа

”Јас лично искористив ваучер од друга личност, а немаме исто презиме. Можеш и ти да си го искористиш ваучерот на другарка ти, само треба да имаш фотокопија од нејзина лична карта”
117.359 граѓани добија ваучери за туризам кои имаа можност да ги искористат во 455 хотелско-угостителски капацитети во Македонија.






