Ваучерите за туризам се делат на крај на летната сезона, но не можат да се искористат ни за зимување бидејќи рокот до кој ќе треба да се искористат е до 30 ноември.
Вкупно 3.037 луѓе денеска ќе треба да си ги подигнат туристичките ваучери што ги дава министерството за економија за летување. Но, за помалку од две недели завршува и летната туристичка сезона, па на добитниците им останува релативно кратко време да ги искористат за летување.
Добитници на 12 илјади денари(200 евра) вреден ваучер се луѓе чии примања во семејството не надминуваат износ од 500 евра.
Од Хотелската асоцијација на Македонија велат дека ваучерите за летување на две недели пред истек на сезона се задоцнети и оти истите требаше да се дадат уште во мај за да можеше полесно да граѓаните да си ги планираат годишните одмори.
Претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажевски објаснува дека со новиот бран на пандемијата не очекува голема искористеност на новите доделени ваучери за туризам.
„Единствено ако може да се вложат напори да се пролонгира рокот до крајот на јануари 2022 година, за да може да се искористат барем во зимските скијачки центри“ вели тој. Радио слободна Европа







