„Долгогодишниот туристички работник Ангел Иванов вели дека ваучерите може да бидат спасоносна идеја, но треба да се види нејзината реализација. Тој вели дека само 20 отсто од граѓаните во Македонија одат на одмор, и дел од нив повеќе би сакале ‘суви’ пари, отколку туристички ваучер. Може да се случи да ги продаваат ваучерите во некои хотели за половина сума, а воопшто да не ги користат услугите“, вели Ангел Иванов за “Радио слкободна Европа“.
По ветувањето на владате дека сите вработени со плата под 15 илјади денари ќе добијат ваучер од 6.000 денари за да одат на одмор, за така да му се помогне на туристичкиот сектор во корона-кризата, некои туристички работници се сомневаат дека дел од граѓаните може да ги продаваат ваучерите во некои хотели за половина цена, а воопшто да не летуваат.
„Сега ќе ви кажам едно наше искуство. На времето Грција даваше бонови за попуст за бензин за странци. Тогаш одевме со автомобили, а не организирано со автобуси. Ниеден македонски турист не ги користеше боновите, туку ги продаваше на бензинските пумпи – половината за пумпата, половина за продавачот, односно за македонскиот турист. Имаме некоја природна склоност кон девијации, односно интелигенција да се направи некоја итарпејовска итрина, тоа кај нас е национален спорт, национална гордост“, вели Иванов.
Министерството за економија најави дека до 15 јули треба да профункционира платформата domasiedoma.gov.mk и pushimenevend.gov.mk, на која бидат објавени понудите на сите катагоризирани туристичко-угостителски објекти низ државата, а граѓаните ќе може да изберат каде ќе летуваат, пишува РСЕ.






