Католичката црква од денес ќе обезбедува прошка – под одредени услови – за гревовите на верниците погодени со коронавирус, пренесува АФП.
Декретот, објавен од Ватикан, исто така опфаќа здравствени работници и оние кои се молат за нивната благосостојба.
Гревовите исто така ќе им бидат простени и на роднините кои се грижат за болни членови на семејството, но и на пациенти кои изговараат голем број молитви или слават важни празници.
Ватикан го донесе декретот еден ден откако Италија ја престигна Кина според бројот на починати од коронавирус, пренесе БГНЕС.
Папата Франциско претходно соопшти дека го замолил Бог да ја спречи пандемијата со КОВИД 19.





