Ватикан ќе благословува истополови бракови

 

Римокатоличките свештеници ќе може да дадат благослов на истополови двојки се додека тоа не е дел од нормативните ритуали или литургии на црквата, по значајната одлука одобрена од папата Франциско,  објави БВатикан.



Како што пренесува Ројтерс, во документ од доктрината на Ватикан се наведува дека таквите благослови нема да ги озаконат невообичаените ситуации, туку ќе бидат знак дека Бог ги прифаќа сите.

Свештениците мора да одлучат во секој поединечен случај од ваков вид дали да дадат благослов, бидејќи „не треба да го попречуваат или забрануваат вклучувањето на луѓето во пазувите на црквата во која било ситуација во која бараат помош од Бога, само со благослов“.

Римокатоличката црква проповеда дека привлечноста меѓу луѓе од ист пол не е грев, но односот меѓу нив е грев.

Откако беше избран за папа во 2013 година, Франциско се обиде да ја отвори црквата од 1,3 милијарди луѓе ширум светот за членовите на ЛГБТ заедницата без да ја промени католичката доктрина за прашањето на истополовите врски, според Ројтерс.