Официјален Ватикан побара од Инстаграм да започне истрага за тоа како од официјалниот профил на папата Фрањо се појавил „лајк“ под фотографијата на разголента бразилска манекенка Наталија Гарибото.
Фотографијата на Гарибото во училишна униформа, добила „лајк“ од профилот на Папата на 13 ноември пишува „Гардијан’.
За случајот коментираше и Гарибото, која има 2,4 милиони следбеници, велејќи дека „барем ќе оди во рајот“.
Официјалниот профил на Папата на Инстаграм го води тим од неколку лица, а како што изјави портпаролот на Светата столица за „Гардијан“, исклучена е можноста сликата да биде „лајкната“ од Ватикан и да се побара објаснување од Инстаграм.
Папата Франциско го следат 7,4 милиони луѓе на Инстаграм, а на „Твитер“, го следат 18,8 милиони корисници на таа социјална мрежа.