ххх Од претседателот Стево Пендаровски при посетата на Ватикан на 24 Мај, на одбележувањето на Свети Кирил и Методиј, било побарано споменикот дивоградба на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија во Скопје да се доизгради, а спомен куќата на улица Македонија да биде управувана од Католичката црква.
Од кабинетот на Претседателот за „Сакам да кажам“ потврдуваат дека на средбата со државниот секретар на Ватикан Пјетро Пароли биле отворени одредени прашања поврзани со статусот и правата на верниците од католичка вероисповед од земјава, не прецизирајќи што конкретно било побарано.
По враќањето во земјата претседателот барања на Светата Столица ги пренесе на надлежните институции во државата за натамошно постапување, велат од кабинетот на претседателот Пендаровски.
Пендаровски за барањата од Ватикан го известил Министерството за надворешни работи од каде што деновиве испратено е писмо до Министерството за култура, Град Скопје и Општина Центар.
„Сметаме дека тоа спомен обележје не треба да биде на тоа место, не поради неговото значење или заради ликот и делото, туку напротив, зашто се наоѓа на сред улица. Ние го побаравме и го добивме целокупниот материјал , поврзан со проектот. Не сме инвеститори или изведувачи за да ги имаме материјалите. Сега ги имаме и ќе дадеме конкретни забелешки зошто сметаме дека таа дозвола треба да се поништи. Тој проект не треба да биде на тоа место бидејќи е на влезот на плоштадот. И мислам дека некој за тоа требаше да понесе одговорност“, вели градоначалникот Саша Богдановиќ, пренесе Телма.






