Василевска до Рашковски: Колега, слободно тужете!

Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ му одговори на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој на денешната прес-конференција најави тужба против неа и против новинари и портали во врска со тендерот во М НАВ.



„Колега вашето лично обраќање до мене, како ваша колешка од Правен факултет, е неиздржано бидејќи вие од мене барате да ви се извинам јавно за да не ме тужите.

Колега вие можете слободно да ме тужите. Јас не се плашам од вашите закани“.

Василевска побара од него да каже кога ќе се даде оставка.

„Денес видовме како изгледа човек кој лаже, кој не ја говори вистината. Како изгледа човек кој дополнително заглибува во сопствената кал. А нема одговори за авантата од 7 милиони евра. Рашковски не одговори на прашањето што значи Leonardo will win, како што даде одговор на Latter of award . Господине Рашковски многу сте јасен во снимката која ја слушнавме во медиумите кога велите  Leonardo will win.

Господине Рашковски, ова индицира дека апла местите кој треба да го добие тендерот. Денес е јасно дека Драги Рашковски преговарал во својство на лице задолжено од премиерот Зоран Заев. Денес се дозна нарачката дека зад скандалозниот тендер стои лично Зоран Заев. Имаше и признание дека Чепуновски не потпишал незаконски тендер за кој постои сомневање за криминал. Туку тоа го направиле лица од актуелната власт.

Договорот е склучен на 14.12.2018 година, кога премиер е Зоран Заев, а Драги Рашковски е генерален секретар на Владата на Република Македонија“, рече таа.

Извор: Макфакс