Радосвета Василева, бугарска блогерка која себеси се опишува како „правен научник, слободен мислител и социјален застапник, доктор по право и борец против корупцијата и кршењето на човековите права“, ја коментира судбината на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева по неодамнешните парламентарни избори во Бугарија.
„Екатерина Захариева преку ноќ стана госпоѓа Никој. Верувајте ми за ова. Тоа е толку болно… за неа, замислувам. Политиката на главната сцена нема да ѝ биде достапна некое време“, објави на Твитер жестоката критичарка на Владата на Бојко Борисов.






