Радосвета Василева, бугарска блогерка и жесток критичар на ГЕРБ и на Бојко Борисов, се радува на извесното враќање на мандатот од партијата на досегашниот премиер и негово проследување до вториот на неодамнешните избори, Слави Трифонов и „Има таков народ“.
„Одлични вести за Бугарија и за Македонија – ГЕРБ ќе го врати мандатот, со оглед на тоа дека ниту една партија во Парламентот не сака да ја поддржи неговата предложена Влада. Ова значи дека мандатот сега ќе оди кај ИТН, втората политичка сила во Парламентот“, коментира Василева на Твитер.





