Вашингтон пост за Пелоси на Тајаван: Неразумна посета

Штетата од неразумната посета на претседателката на Претставничкиот дом на Соединетите држави Ненси Пелоси на Тајван треба да се ограничи, пишува во уводникот авторитетниот американски весник The Washington Post.



„Успешната надворешна политика комбинира високи принципи со интелигентно и навремено извршување. Посетата во вторник во знак на солидарност со Тајван од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го покажува првото – но не и второто. Предвидливата реакција од Кина, која го гледа Тајван како своја „непослушна провинција“, е во тек – вклучително и најавата за провокативни поморски вежби со живи пукотници во територијалните води на островот по завршувањето на посетата на Пелоси.
Претседателот Бајден мора да ја ограничи краткорочната штета и да се спротивстави на можното зголемување на долгорочниот кинески притисок врз Тајван.

Се разбира, ние (во реакцијата на Вашингтон пост – уред.) ја споделуваме силната поддршка на Пелоси за демократски Тајван, нејзината осуда на кинеската комунистичка диктатура и нејзиното верување, како што рече во една статија за истата публикација, дека „тоа од суштинско значење е Америка и нашите сојузници да знаат дека никогаш не им попуштаме на автократите“. Она што не го разбираме (во редакцијата на весникот) е нејзиното инсистирање на овој начин да ја демонстрира својата поддршка, во овој момент, и покрај предупредувањата – од претседателлот Бајден које од нејзината партија, дека геополитичките ситуацијата е веќе доволно немирна.
Колку и да Пелоси (82) да сака да ја заокружи својата кариера како претседател на Конгресот пред веројатната победа над Републиканската партија во ноември да го заврши нејзиното претседателствување, неразумно е да оди во Тајван сега кога кинескиот претседател Си Џинпинг го организира својот трет мандат.

Мора да се признае дека и самиот претседател Џо Бајден лошо се справи со ситуацијата со тоа што го „изостави“ фактот дека „војската“ беше против посетата на Пелоси.

„Ќе беше многу подобро претседателот Бајден да ѝ кажеше на Пелоси, приватно, лично и недвосмислено, да не го прави тоа…