Амбасадорот Филип Т. Рикер во отсуство на именуван амбасадор ќе работи како вршител на должноста Амбасадор на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Лондон, Велика Британија Судот на Сент.
Според соопштението на Стејт Департментот на САД Рикер кој е дипломат од кариера со ранг министер советник ја презема оваа функција од први август оваа година.
Амбасадорот Рикер во моментов е вршител на должноста помошник државен секретар за Бирото за европски и евроазиски прашања.
Пред да го води Бирото за европски и евроазиски прашања, амбасадорот Рикер беше цивилен заменик и советник за политика на командантот на европската команда на САД во Штутгарт, Германија, а од 2008-2011 година беше амбасадор на САД во Северна Македонија.
Рикер се смета за еден од светските дипломати кои се креатори и стојат зад Преспанскиот договор.
Соединетите држави немаат поблизок сојузник од Велика Британија, а амбасадорот Рикер е посветен на продолжувањето и унапредувањето на оваа посебна врска, се вели во соопштението од Вашингтон.






