Според информациите што доаѓаат од конгресот на САД Вашингтон допрва ќе се бори Софија да нема нови уцени кон Македонија.
Во веста што доаѓа од Вашингтон се најавува дека САД во моментов се ангажирани Софија да нема нови барања откако Македонија би ги прифатила уставните измени што значи дека оваа опција се уште е на маса.
,,За унапредување на аспирациите за членство во ЕУ, Владата на С. Македонија е посветена на уставни измени за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор и сме ангажирани со новата Влада на Бугарија да се осигураме дека нема да има нови барања откако С. Македонија ќе ги исполни барањата од постоечкиот договор”, изјави пред Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом во САД американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Според Ескобар европските и трансатлантските интеграции се од суштинско значење за да се намали влијанието на штетните актери во овој регион, како Русија и Кина, но и на корумпираните локални актери, кои имаат за цел да го дестабилизираат регионот и да ги попречат интеграциите, преку проширување на своето влијание.
Ескобар за време на неговото сведочење рече дека Русија го проширува своето влијание во регионот преку два канали: дезинформации и енергија.
Тој го спомна и влијанието што Кина има намера да го прошири преку инвестиции.
Ескобар порача дека граѓаните на Западен Балкан сакаат подобра иднина за своите деца – иднина во која владите ќе бидат повикани на одговорност, поддршката за човековите права е силна и каде сите имаат корист од економската безбедност.






