Патријархот Вартоломеј денеска потпиша „томос“ со што и формално ја призна независноста на православната Украинската црква од Руската православна црква со која беше поврзана од 1686 година.



Овој потег ги принуди украинските свештеници да изберат страна, пишува АП.

Минатиот месец украинските православни лидери го одобрија создавањето на ново, обединета црква независна од Московската Патријаршија и го избра Митрополитот Епифаниј да ја води. Поради ова, Руската Црква ги прекина врските со Истанбул,кој се смета за  центар на православниот свет.

Украинскиот претседател Петро Порошенко, кој водеше кампања за формирање нова црква, присуствуваше на церемонијата.