Вартоломеј ги навреди Бугарите!

Вселенскиот патријарх Вартоломеј Први Константинополски поведе судска постапка против Пристонскиот универзитет, со која бара од таму да му бидат вратени ракописи стари 1000 години, за кои тврди дека биле украдени од Бугари во текот на 1917 година од манастир во Северна Грција.



Наводно, Бугарите кои го нападнале манастирот „Теотокос Ејкосифоиниза“ ги убиле монасите и ги украле древните ракописи.

Без никакви сериозни аргументи Вартоломеј ги нарекува овие Бугари како „банда од 60 престапници и тоа уште пред судскиот процес и да започне, дознава „Пресинг.ТВ“.

Пред извесно време, Вартоломеј ја укори БПЦ дека сака да е црква-мајка на македонската и рече дека само Константинопол е црквата-мајка, т.е. сите цркви ги смета за „свои“ и раководени од него.