Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре, при посетата на Бугарија, ќе се сретне и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, дознава ТВ21.
Тие подоцна ќе дојдат заедно во Скопје.
Вархеи во Софија ќе се сретне со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.





