Вархеји: Мора да испорачаме за Македонија и Албанија

Еврокомесарот за проширување презентирајќи ги извештаите за реформскиот напредок на земјите од Западниот Балкан и Турција пред европратениците, повика итно да започнат преговорите со Скопје и Тирана, јави дописничката на МИА од Брисел.



Еврокомесарот Вархеји пред европратениците од Комисијата за надворешни работи повтори дека одлагањето на преговорите со Македонија и со Албанија е штетно за кредибилитетот на Европската Унија.

-Работиме одблизу за да ја деблокираме ситуацијата и да го решиме проблемот за оваа тешка тема, за сега не бевме успешни но имаме надеж, до крајот на оваа година мораме да испорачаме, не смее ова да се доведе во прашање, и на нас е да испорачаме, кога велам нас, мислам на сите земјите членки на ЕУ, мислам и на Македонија која е партнер во ова, патував во двете престолнини и сѐ уште сум подготвен да помогнам, но може ова да бара поголема посветеност, изјави Вархеји во Европскиот парламент.

Тој додаде дека со оглед на изборните циклуси во Бугарија и во Македонија овој период не помага, но дека оваа сложувалка мора да се надмине.